48-годишниот Јапонец си ја извршувал секојдневната рутина, од неговиот дом се упатил кон локалната железничка станица за да оди на работа, но додека поминувал низ предградието, во близина на Фукуока, се случило нешто прилично неочекувано.

Дива свиња излетала на улицата и го нападнала кутриот човек. За среќа човекот успеал да се извлече откако двајца возачи почнале да свират и така го исплашиле ѕверот. 48-годишниот маж бил хоспитализиран и завршил со 13 конци и со поголема рана на левиот колк.

Железничката станица е на неколку километри од планинска област, така што се верува дека дивата свиња залутала. Дивите свињи ретко на напаѓаат луѓе, но веројатноста да се случи тоа е во сезоната за парење, од ноември до јануари.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено