Џејмс Харисон во Австралија е познат како „Човекот со златната рака“, но не затоа што го бива за некој спорт. Имено, во изминатите шеесет години, Харисон донирал крвна плазма од својата десна рака речиси секоја недела.

hr01

Неговото често крводарителство не е само страничен ефект на неговата великодушност. Кога бил дете било откриено дека неговата крв содржи невообичаени антитела. Во шеесеттите на дваесеттиот век, докторите овие антитела ги употребиле за да развијат инекција наречена Anti-D.

hr02

Благодарение на уникатната крв на Харисон, Anti-D помогнала да се спасат животите на над два милиони бебиња, како што известува Австралискиот Црвен Крст.

Anti-D е единствениот лек за Rh заболувањето – состојба при која крвта на бремената жена започнува да ги напаѓа крвните клетки на нејзиното неродено бебе. Харисон бил еден од првите донатори кај кои биле откриени антитела неопходни за овој лек.

hr03

Секоја инекција со Anti-D во Австралија била направена од крвта на Харисон.

Во Австралија тој се смета за национален херој и освоил бројни награди. Донирал крв вкупно 1000 пати.

hr04

Нема сомнеж дека Харисон е несебичен и великодушен, но по сите овие дарувања, тој сѐ уште не може да поднесе едно нешто…да гледа како иглата му влегува во раката.

Сподели на Facebook
пати видено