HITO ќе настапи во летниот клуб Фабрика во градскиот парк, а атмосферата ќе ја загреат и швајцарското диџејско дуо KANTARIK, како и Германецот со јапонско потекло AKNL.
Познатата промотерска куќа од Швајцарија која соработува со многу познати светски имиња влегува и на Македонската сцена. Прва гостинка е добро препознатливата јапонска диџејка HITO.
HITO изминатите години се појавува како резидент на ENTER.Sake и е еден од омилените ликови кои се дел од ENTER. проектот кој своето основање го има во најпознатиот клуб на светот, Space Ибица од страна на господарот на техно сцената Richie Hawtin (Plastikman).
Освен Ибица, веќе е присутна и на најголемите и најпознати фестивали на електронска музика како и најпознатите локации и клубови ширум светот.
Terrazzza е добро препознатливо име за голем број од светските ДЈ имиња, а место токму на нејзините настани имаат врвни артисти како: Seth Troxler, The Martinez Brothers, Apollonia, Adriatique, Solomun, Fritz Kalkbrenner и многу други.
HITO и тимот на Terrazzza својот прв настап во Скопје ќе го имаат во клубот Фабрика во Градски Парк, Скопје на 18 јуни.
Како дел од овој прв настап ќе имате шанса да ги слушнете со свои ДЈ сетови и Швајцарското дуо Kantarik и Јапонецот AKNL кој живее во Берлин.