Жена останала вдовица. Се собрале селаните и одлучиле да и најдат маж. Пронашле соодветен кандидат, исто така вдовец. Само човекот бил касап, прост човек, необразован. Жената сепак некако се согласила и се венчале.
Првата вечер ја поставуваа таа маса, а мажот вели:
– Уште тетка ми велеше дека добриот христијанин никогаш нема да седне на маса, додека не преспие со жена си.
Отишле тие во спалната соба, потоа вечерале, а тој повторно:
– Уште дедо ми велеше дека човек никогаш не смее да заспива, без да ја испочитува жена си.
И пак.
Наутро:
– А чичко ми велеше…
По ручекот:
– Порано баба ми велеше…
Поминала една недела, селаните ја прашуваат жената што мисли за новиот сопруг.
– Точно, тој не е интелигентен како мојот прв маж, но е од многу добро семејство!

Сподели на Facebook
пати видено