Вавилон е најпопуларниот град на античка Месопотамија, чии остатоци се наоѓаат во денешен Ирак, на 94 километри југозападно од Багдад. Името Вавилон доаѓа од bav-il или bav-ilim што на акадски јазик значи „Портата на Бог“ или „Портата на Боговите“, а самиот назив Вавилон доаѓа од Грција.
Во еврејската Библија името на Вавилон гласи Бабел, интерпретирано од популарната етимологија како „збрка“, како дел од приказната дека луѓето зборувале повеќе јазици и не можеле да се договорат за да иградат кула до небесата. Германскиот археолог Роберт Колдевеј ги открил остатоците од Вавилон во 1899 година. Генерално градот бил популарен и пред да биде опишан во Библијата најмногу поради своите импресивни ѕидови и згради и секако Семирамидини висечки градини, кои претставувале рачно направени тераси од флора и фауна со напреден систем за наводнување. Тие се меѓу светските чуда на античкиот свет. Вавилонската кула исто така е дел од архитектурата на Вавилон.
Вавилон бил основан во периодот на управувањето на Саргон Акадски, познат како Саргон Велики, кој бил владетел од 2334 до 2279 година п.н.е и за кого се смета дека изградил неколку храма во Вавилон. Познатата историја на Вавилон започнува со еден од најпознатите кралеви – Хамурапи (1792-1750 година п.н.е). Хамурапи се искачи на престолот и многу брзо успева да преобрази градот и да го претвори во еден од најмоќните и највлијателните градови во цела Месопотамија. Законите на Хамурапи се добро познати денес, но претставуваат само еден пример за политиката која тој ја воведува, чија цел е да го зачува мирот и да се промовира просперитет.
Во текот на 1595 година п.н.е. Вавилон паднал под власта на Хетите, а малку подоцна пак и под Каситите. Каситите градот-држава Вавилон го направиле престолнина на Вавилонија и му го дале името Karanduniash. По падот на асирската империја, Набопаласар се искачува на тронот. Неговиот син Навуходоносор II (604 – 561 година п.н.е.) го реновира градот и го проширува и тогаш тој зафаќал површина од 900 хектари.
Откако персиската империја паднала пред Александар Македонски, тој со својата војска влегол во градот и бил дочекан како ослободител. Александар исто така сакал да ги сочува градбите во градот и наредил на неговите луѓе да не биде ништо оштетено. За време на неговото владеење Вавилон станал голем трговски центар.
Секој антички писател кој го опишувал Вавилон, пишува за него со стравопочит и побожност, кои се чувствуваат во самите зборови. Херодот напишал: „Градот се наоѓа на широка рамнина и е во форма на апсолутно точен квадрат … Такви се неговите димензии, но нема друг град, кој е еднаков на него по величественост. Тој е опкружен со широк ров, полн со вода, зад кој се издига ѕид широк 26 метри и висок 105 метри “.
По смртта на Александар Македонски, градот се запустил и никогаш повеќе не ја вратил првобитната слава. При муслиманските инвазии во 650 година остатоците на Вавилон биле расфрлани, а со текот на времето и закопани под песоците. Во 17 и 18 век европски патници кои ја разгледувале областа се враќале дома со различни артефакти и тоа го поттикнало археологот Роберт Колдевеј детално да го истражи местото.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.