Додека гледате некој особено страшен филм, сепак можете да се тешите со зборовите „барем не е вистинито“. Има многу малку вистина во повеќето хорор филмови, па дури и со класичното „засновано врз вистината приказна“ на почетната шпица.

За жал, сепак се случуваат убиства и понекогаш се пострашни отколку во филмовите, каков што е случајот со овие пет примери. А уште поморничаво е тоа што се сѐ уште нерешени. Дали убијците сѐ уште шетаат наоколу?

1. Хинтеркаифек, Германија

ub1

29. март 1922г.

Андреас Грубер постојано забележувал чудни нешта околу фармата на којашто живеал пред овој кобен датум. Забележувал стапки кои водат од дрвјата, слушал чекори во подрумот, а исчезнале и комплет клучеви. На тој ден сите на имотот биле убиени, вклучувајќи ги и децата и внуците на Андреас. Никој не бил обвинет за злосторството.

2. Убиствата кај езерото Бодом, Финска

ub2

Финска, 1960

Група тинејџери кампувале на брегот на езерото Бодом. Одеднаш, во раните утрински часови биле нападнати од некој со нож. Три од тинејџерите умреле, а еден бил обвинет за нивните убиства, но подоцна обвиненијата биле отфрлени. Неодамна како главен осомничен за убиствата од пред повеќе од 50 години се товари еден фармер од близина.

3. Убиствата во Гатон

ub3

1898, Гатон, Квинсленд, Австралија

Во 1898 година младиот Мајкл Марфи и неговите две сестри исчезнале. Нивната мајка го пратила зетот да ги најде. Утрината сите четири тела биле најдени искасапени и наредени во чуден триаголник. Злосторството е нерешено до денес.

4. Убиството на Аталија Понсел Линдсли, САД

ub4

Ст. Августин, 1972.

Пензионираната актерка и модел Аталија Понсел Линдсли била убиена со мачета на скалите пред влезот на нејзиниот дом. Нејзиниот сосед бил обвинет за убиството но подоцна ослободен поради непрофесионалност на полицијата. Кога една пријателка на Аталија изјавила дека има повеќе информации за убиството, и таа била ладнокрвно убиена.

5. Убиството на семејството Вокерс, САД

ub5

Флорида, 1959

Семејството Вокер се враќале на нивната фарма и на самото пристигнување биле застрелани и убиени. Еден човек го признал злосторството, но полицијата заклучила дека е нестабилен, патолошки лажго. Во 2012 полицијата се посомневала дека можеби се работело за истите убијци опишани во „Ладнокрвно убиство“ на Труман Капоти.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено