Вашата крвна група може многу да каже за вашата личност; светлите и мрачните аспекти на вашиот карактер. Да погледнеме кои крвни групи какви квалитети имаат и кои од нив си одговараат помеѓу себе.

krvna-grupa

Крвна група О

Луѓето со оваа крвна група се отворени и дружељубиви. Тие се иницијатори, но не секогаш го завршуваат тоа што ќе го започнат. Креативни и популарни, тие сакаат да се во центарот на вниманието и оставаат впечаток на голема самодоверба.

Крвна група А

Иако однадвор изгледаат смирени, тие имаат толку високи стандарди (перфекционисти) што одвнатре личат на топче со нерви. Луѓето од оваа крвна група се најуметнички расположени од сите крвни групи. Тие можат да бидат срамежливи, свесни, доверливи и чувствителни.

Крвна група В

Целно ориентирани и со цврста волја, групата В ќе започне задача и ќе продолжи сѐ додека не ја заврши, и тоа сѐ додека не ја заврши како што треба. Луѓето со оваа крвна група се индивидуалисти и вообичаено знаат како да си го пробијат патот во животот.

Крвна група АВ

Луѓето со оваа крвна група се со подвоена личност. Тие можат да бидат и отворени и срамежливи, самоуверени и колебливи. Одговорни се, но понекогаш нивната прекумерена одговорност може да претставува проблем. Тие се доверливи и сакаат да им помагаат на другите.

Компатибилност помеѓу крвните групи

А најмногу одговара со А и АВ
В најмногу одговара со В и АВ
АВ одговара со АВ, В, А и О
О најмногу одговара со О и АВ

Крвна група А

Најдобри особини: контроверзни, интровертни, резервирани, стрпливи и точни. Перфекционисти

Најлоши особини: опсесивни, тврдоглави, самобендисани и стегнати.

Познати личности со крвна група А: Џорџ Х. В. Буш, Ајуми Хамасаки, О.Џ. Симпсон, Бритни Спирс, Алан Алда, Адолф Хитлер, Линдон Б. Џонсон, Ричард Никсон, Џет Ли, Маки Номија, Рик Џејмс.

Крвна група В

Најдобри особини: креативни, страствени, ги сакаат животните, оптимистични, прилагодливи и индивидуалисти.

Најлоши особини: заборавни, неодговорни и егоцентрични.

Познати личности со крвна група В: Акира Куросава, Џек Николсон, Лучијано Павароти, Том Селек, Миа Фароу, Пол Мекартни, Леонардо Ди Каприо, Винс Јанг.

Крвна група АВ

Најдобри особини: смирени, воздржани, разумни, интровертни и сочувствителни.

Најлоши особини: далечни, критички расположени, неодлучни, не простуваат.

Познати личности со крвна група АВ: Џон Ф. Кенеди, Мерилин Монро, Мик Џегер, Томас Едисон, Боб Сап, Мијави, Џеки Чен, Кен Китамура.

Крвна група О

Најдобри особини: амбициозни, со спортски дух, крупни, полни со самодоверба. Родени лидери.

Најлоши особини: арогантни, суетни, нечувствителни и безмилосни.

Познати личности со крвна група О: Ал Капоне, Џералд Форд, Михаил Горбачов, Џон Готи, Кристал Кеј, кралицата Елизабета II, Џон Ленон, Пол Њумен, Елвис Присли, Роналд Реган

krvna-grupa2

Крвна група А:

Вообичаено се кооперативни, чувствителни, страствени и интелегентни. Често страдаат од анксиозност кога треба да се усогласат со другите, ги потиснуваат чувствата во себе сѐ додека не експлодираат. Многу од нив се напнати, нестрпливи и не можат да спијат добро. Иако се способни за лидерски позиции, можат да не се нафатат на такво нешто бидејќи стресот не е добар за нивните стегнати системи.

Вообичаено имаат чувствителна телесна градба. Преголемиот стрес го ослабува нивниот имунитетски систем побрзо отколку кај другите крвни групи. Ниската желудочна киселост е честа кај крвната група А уште од раѓање, затоа треба да се води посебна грижа кога се јадат животински белковини. Внесувањето на дигестивни ензими, како млечни производи и конзумирањето на ферментирана храна и пијалоци е задолжителна кај луѓето со крвна група А.

Крвна група В:

Поединците со крвна група В тежнеат кон тоа да се урамнотежени и промислени како крвната група А, а сепак амбициозни како крвната група О. Тие се сочувствителни, лесно ги разбираат гледните точчки на другите, а сепак често се двоумат да се конфронтираат. Со флексибилности и прилагодливост на камелеон, тие знаат да бидат добри пријатели.

Крвна група АВ:

Вообичаено се шармантни и популарни. Не се замараат со мали нешта и луѓето ги доживуваат како продуховени, спиритуални личности, а понекогаш и како малку „забегани“. Само 2-5 отсто од населението се со крвна група АВ. Во нивниот живот нема место за досада, па така ако најдете некој таков за пријател или пријателка, сметајте се себеси за среќни!

Како и крвната група А, и АВ лошо реагира на стресот. Тие се посилни и поактивни од повеќето луѓе со тип А, но мораат да внимаваат на нивото на стрес за да не го компромитираат својот имунитет.

Понекогаш е тешко да се биде АВ. Тие не сакаат да влегуваат во никакви туѓи шаблони. Ако се чувствуваат премногу ограничени, тие ќе излезат од тој шаблон и ќе се потрудат да си ја истераат работата по нивно.Кога станува збор за храната, мора да откријат дали се повеќе А или В. На пример, млечните производи како јогурт или кефир можат да бидат одлични за нив, или пак да им влијаат многу лошо.

Крвна група О:

Тежнеат кон тоа да се самотници и лидери и се интуитивни, фокусирани, смели и се потпираат на себе. Со стресот се справуваат подобро од другите крвни групи и имаат силен имунитетски систем, добро развиена телесна градба и по природа се пргави.

Сподели на Facebook
пати видено