23-годишната Паулина Касиљас од Мексико не се служувала со нејзиното семејство и решила да почне да им „пркоси“.
Таа направила неколку тетоважи, пирсинг, операција за стеснување на половината и го поделила јазикот на два дела. Ова прилично ги влошило односите кои девојката ги имала со нејизните родители, но таа решила да оди уште еден чекор понапред.
Таа одлучила да го отстрани папокот преку опасна процедура, бидејќи сметала дека тоа „не прави луѓе“, а потоа го подарила на нејзиното тогашно момче Даниел, во „знак на љубов“. Паулина и Даниел повеќе не се заедно, а откако таа се помирила со нејзиното семејство сфатила дека одлуките кои ги направила, особено за папокот биле од „инает“ и претерани.
Процедурата за отстранување на папокот поминала добро, но подоцна местотот се инфицирало и Паулина со денови не можела да стане од креветот. Таа вели дека нејзиното поранешно момче сѐ уште го чува папокот бидејќи ја знае „емоционалната вредност“ зад него.
Паулина вели дека оваа грешка ќе ја потсетува дека наредниот пат кога ќе треба да донесе одлука во животот, добро ќе размисли за тоа.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!