Во времето на паганството, Валпургиската ноќ била славена на 30 април или 1 мај во голем дел од Централна Европа и Северна Европа. Денес, таа стана само ритуал на некои нови агресивни антихристијански секти.
Во античките времиња, многубошците верувале дека тоа е период да се изгради моќ и да се исполнат желбите, да се очисти домот и да се вршат ритуали на убавина и љубов. Легендата велела дека на тој ден соништата ја претскажуваат иднината.
Други ја поврзувале Валпургиската ноќ со плодноста и пролетта. На први мај, вегетацијата добивала магиска моќ, а завесата меѓу светот на живите и царството на мртвите била транспарентна.
Исто така, жените што се сметале себеси за „вештерки“ го славеле овој празник како нивен. Обичните луѓе, напротив, предизвикаувале пожари за да ги избркаат лошите духови, организирале концерти, игранки, огномет.
Тој ден бајачите и гатачите остварувале голем профит, затоа што суеверните луѓе ги барале нивните услуги. Во текот на средниот век, голем дел од овие верувања биле зачувани, но веќе со негативна конотација.
Луѓето продолжиле да веруваат дека ова била ноќта на вештерките, но тие се обидувале да ги бркаат, палеле слама, палеле околу своите домови прочистувачки оган и чукале камбаните на црквите. На прагот на куќите се истурал песок или трева, за да не влезат лошите духови.
Исто така се сметало дека таа вечер растенијата имале најголема моќ и се користеле за „привлекување на злато“. Исто така била важна бојата на облеката. Заштитните бои против духовите на злото биле определени од Јупитер и Сатурн – сите нијанси на црвена, портокалова и сина боја.
Откако ќе се облечат соодветно луѓето можеле да прават ритуал наречен „коридор на времето“. Овој коридор може да биде направен од четири мали огледала, свртени едни кон други. Три свеќи беа поставувани пред огледалата за да се рефлектираат во нив.
Потоа, внимателно треба да се набљудуваат рефлексиите. По одреден период погледот на луѓето се заматувал и пред нив се „покажувала иднината“.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.