Вообичаено родендените си се семејна работа, но овде станува за нешто сосема невообичаено. Сопружниците Кејтлин и Том Перкинс од Диранбанди, Квинсленд, се родени на ист ден (16 август 1986), со само 50 минути разлика. Нивната новородена ќерка, Луси Мери Перкинс исто така се родила на 16 август, 30 години подоцна, со што овој случај е еден во 48 милиони.
Иако нејзиното раѓање всушност се очекувало една недела подоцна, нејзиното спонтано доаѓање на овој свет ги шармирало срцата на сите. И ете така, целото семејство ќе го слави својот роденден на ист ден.