Се шетал Мујо со прскалка низ селото и го прскал патот, куќите, градините, полињата. Ова им станало чудно на луѓето, па тие повикале полиција.
Полицаецот го прашал:
– Мујо, што прскаш наоколу?
Мујо одговорил:
– Па јас прскам средство против крокодили.
– Абе болен, тука нема крокодили! – извикал полицаецот изненаден.
– Се разбира дека нема, кога јас прскам.
Тогаш полицаецот рекол:
– Тогаш јас ќе направам тоа да биде задолжително. Сите да мораат да прскаат затоа што не би било добро овде да дојдат крокодили и да ни ги изедат децата.
По кратко време целото село купило средство против крокодили од Мујо и прскале насекаде за да не ги казнат. Мујо станал бизнисмен, а исто така добил орден за заштита на децата. Дури и на влезот во селото се појавила табла: „Селото на Мујо, пријателот на децата“. На некој средството на Мујо му ја уништило пченката, на некој му ја убило кравата, некои деца се разболеле од чудни болести… Но, сето ова секако е помалку штетно отколку крокодилите да ги изедат децата. И никој не смеел да праша, а камоли да се посомнва. Бидејќи факт е дека откако во селото се прска против крокодили, не е виден ниту еден крокодил.

Сподели на Facebook
пати видено