Татко го натерал синот да трча скоро 2 километри на дожд до неговото училиште, затоа што добил забрана да се вози со училишниот автобус поради тоа што ги малтретирал соучениците. Брајан Торнхил го снимил видеото од неговиот автомобил додека неговиот 10-годишен син трча надвор на дождот.
Тој го започна видеото со зборовите: „Еј сите, добредојдовте во ‘подобро да го слушате вашиот татко 2018’. Мојот син конечно влезе во доволно големи проблеми во автобусот за да биде отстранет од автобусот три дена, поради тоа што беше мал силеџија, кој што јас не го толерирам и не го поднесувам. Затоа тој сега мора да трча до училиштето, ние сме околу 1,6 километри оддалечени од училиштето, затоа цела недела ќе го има искуството на трчањето.“
И покрај тоа што Брајан го казнил неговиот син исто така видел хумор во неговиот дисциплинарен начин: „Добрата вест дечки е што одржува прилично добро темпо, 9 километри на час. Вчера очигледно тој беше малку груб со Мишел во утринските часови, па дури и покрај тоа што врне утринава тој сè уште ќе трча. Сакав само да го покажам на сите и да ве насмеам добро.“
Според Брајан оваа недела неговиот син се однесува пристојно на училиште и наставниците го одобруваат неговото однесување. тој го заврши видеото со зборовите: „Учете ги вашите деца, не бидете пријател, бидете родител. Тоа им е потребно на децата овие денови.“