Британската полиција откри организирана група професионални крадци чија што мета биле скапи автомобили. Како што ќе видите од снимката, автомобилите ги краделе ноќе и за неколку секунди, а потоа ги праќале во Уганда. Кога полицијата влегла на нивниот плац во Уганда нашла 28 крадени автомобили во вкупна вредност од 1,5 милиони долари.