Во 07:55 часот имало над 1.050 километри сообраќаен застој на холандските патишта, особено во центарот на земјата.
Илајдници земјоделци од цела Холандија се на пат за Хаг на своите трактори, за денешните демонстрации. Полицијата ги придружува групите трактори за колку што може да го ублажи хаосот, но и покрај тоа не можеле да ја избегнат блокадата.
Протестот попладнево главно ќе биде за признавање за земјоделскиот сектор, изјавија од организацијата „Аграктие“. „Ние сакаме да се ревалоризира земјоделството, така што граѓанинот повторно да се чувствува вклучен во процесот на производство на храна“, рече иницијаторот Барт Кемп.
Земјоделците сметаат дека политичарите и медиумите создаваат и шират негативна слика за нив. Тие, исто така, сакаат појасна земјоделска политика на долг рок.
Околу 10 илјади земјоделци се очекува да присуствуваат на протестот. Министерката за земјоделство Карола Шутен и голем број парламентарци рекоа дека ќе присуствуваат и на протестот.