Децата во Камбоџа живеат во голема сиромаштија, а следните зборови на еден млад Камбоџанец ќе ви објаснат каков е нивниот живот.
„Јас пораснав на село во Камбоџа, а моето семејство одгледуваше ориз за живот, бидејќи оризот е нашето главно јадење. Се сетив на едно време, кога бев мал, отидов на оризовата нива со мајка ми, во близина на езерото во моето село. Мајка ми работеше во нивата со ориз, додека јас скитав околу во потрага по ракови во дупките, од една нива во друга. Не се плашев од ништо затоа што сакав да играм со мали ракови и да ги ставам на дланките. Едно време, ја ставив раката во една дупка и мислев дека фатив рак, но тоа не беше рак, затоа што беше мазно и долго. Во тој момент знаев дека е змија, па ја извлеков раката и се стрчав кон мајка ми. Така јас се запознав со змиите.
Приказната не е завршена, бидејќи сега ги гледам денешните деца како ловат змии за пари!!! Децата во Камбоџа живеат во сиромаштија и тие ќе направат сѐ што можат да го поддржат своето семејство како што некогаш тоа го правев јас кога бев дете. Тие знаат какви змии да ловат и како да го прават тоа за да не се повредат. Некои деца знаат како да ја држат змијата, така што змијата не може да ги гризне. Тие одат на училиште неколку часа, а слободното време го поминуваат помагајќи им на своите семејства или прават работи за кои западниот народ мисли дека се лудост.
Во последно време, освен од продажба на змиите, децата заработуваат пари и од видеата со ловење змии кои ги објавуваат на интернет.
Ова е причината зошто Камбоџа е толку уникатна од остатокот од светот. Овие камбоџански деца се вистински ловци. Ако еден ден дојдете во Камбоџа, ви препорачуваме да ги посетите руралните области и да го доживеете животниот стил кој е сосема различен од остатокот од светот.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!