Видеото може и треба да ве вознемири! Возете внимателно! На снимката во прилогот може да се види ужасниот миг кога девојче излетало низ прозорецот на автомобил кој излетал од патот со огромна брзина, но по чудо преживува. Несреќата била снимена со контролна камера од страна на еден мотоциклист во Миас, Русија, и на снимката се гледа како син Форд Фиеста ја губи контролата налетувајќи на дупка, поради што излетал од патот.

dt

Александар, човекот кој ја снимил снимката вели дека застанал кога видел што се случило. Тој изјавил дека девојчето изгледало како не постаро од четири години и лежело неподвижно на земјата на неколку метри од уништеното возило. Родителите на детето набргу се извлекле од колата, поминувајќи само со гребаници и модринки. Набргу потоа и девојчето, кое за среќа исто така поминало со лесни повреди, си дошло при свест.

„Девојчето лежеше така не земјата некаде околу три минути и потоа почна да плаче, викајќи ја својата мајка“, вели Александар. Набргу потоа пристигнала и брза помош. По прегледот било утврдено дека детето нема сериозни повреди. Докторите препорачале третман во локална болница, но родителите го одбиле тоа и решиле да го одведат детето дома.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено