Очекувајќи вонземјани да ни дојдат од небото, лесно забароваме дека постои мистериозен свет токму под нас, во морските длабочини, каде што живеат суштества кои лесно би можеле да бидат дел од ноќна мора. Но, откако ќе ги видите овие слики, ќе почнете да размислувате двапати пред да решите да ги брцнете стапалата во морето.
Роман Федортсов од Мурманск сподели слики со најразновиден улов, од членконоги до риби со заби како ножови. Рибарот лови во близина на пристаниште во северозападна Русија. Меѓу многуте суштества кои ги изнел на дневната светлина е ајкулата-наметка, ретка ајкула која наликува на јагула, но на која устата ѝ е полна со страшни заби. Оваа ајкула често се нарекува „жива реликвија“ поради примитивните карактеристики кои ги има. Покрај тоа, тој прикажал слики од сенишна ајкула, како и разни други суштества за кои дури сѐ уште не може да се утврди што се тие. Еве дел од тоа што уловил тој.