Да се биде член на култ не секогаш е успешна приказна со среќен крај, како што се надеваат луѓето кои ќе се впуштат во таква авантура. Како што покажуваат овие вистински сведоштва, култовите навистина постојат и се многу опасни.

„Сакам сите да знаат дека беше навистина лудо, но сѐ беше сосема вистинско. Тоа ТРЕБАШЕ да се случи. Ние верувавме во тоа со секој наш здив и секое наше отчукување на срцето.“

kl1

Култот на Харолд Кампинг го предвидувал крајот на светот. Нивниот лидер Харолд Кампинг починал во 2013 година на 92-годишна возраст.

„Ме натераа да седнам напред, и `главниот свештеник` почна да одржува служба специјално за мене. Го сфатив тоа кога погледнав наоколу и видов дека сите гледаа во мене. Се чувствував како да сум во хорор филм. Сите тивко гледаа со ширум отворени очи.“

kl2

Oваа изјава е од корисничка на Редит од Малезија која била дел од програма за размена на студенти и престојувала во домот на едно семејство во Мисури во 2006. Се испоставило дека семејството е дел од христијански култ кој ја присилувал да присуствува на нивните „молитвени прочистувања“ и ја заклучувале во нејзината соба поради нејзините „нечисти дејанија“. Кога дошло времето да си замине, членовите на семејството ѝ ги запалило нејзините лични работи.

„Кога со брат ми зборувавме за тоа, многу години подоцна, тој ми кажа дека не му дозволувале да живее со мајка ни, а имаше само три години кога нѐ разделија. Не можам ни да си замислам како се чувствувал да биде одвоен од своето семејство на толку мала возраст.“

kl3

Во овој случај мајката се придружила на религискиот култ на Тони Аламо. Таа се развела од нејзиниот сопруг, но кога тој дознал дека нејзините нови пријатели биле дел од култ кој киднапира деца, веднаш издејствувал старателство врз неговиот син. Полубратот на детето не бил толку среќен.

„Што се однесува до девојките…тие поминаа полошо. Ќе убедеше секоја од нив дека имаат сексуален проблем, и сексуално ги искористуваше.“

kl4

Раскажувачот на овие страшни сведоштва бил вовлечен во култ од неговите сопствени родители. Успеал да избега, но неговите родители се сѐ уште дел од култот. Тој вели дека „веројатно е невозможно да има било каква врска со нив во иднина.“

„Нивниот водач навистина верува дека тој е Исус, па така го шири своето семе, имајќи деца со што е можно повеќе жени. Тие веруваат дека жените се само матки.“

kl5

Сестрата на овој корисник на Редит била дел од Растафаријански култ од Јужна Африка. Водачот на култот женел и забременувал неколку жени и ги злоупотребувал. Децата не ги носеле во болница од страв дека тестовите ќе покажат присуство на марихуана во нивната крв. Пред конечно да успее да избега, две од децата починале од дијареа.“

„Водачот на култот беше човек кој веруваше дека духовноста е тесно врзана со сексуалната слобода, и дека малите деца исто така треба да имаат сексуални искуства.“

kl6

Во неговиот зенит, овој култ броел над 200 членови, но бил распуштен поради обвинувања за злоупотреба на дрога и сексуални злоставувања. Сведокот вели дека дури и по 20 години, тој е премногу истрауматизиран за да зборува со своето семејство.

„Зградата беше во ужасна состојба и наоколу се шетаа стаорци и лебарки. Навечер се будев и наоѓав измет од глувци на моите чаршафи.“

kl7

Ова сведоштво е од жена која на седумнаесет години се придружила на евангелистички христијански култ во Чикаго. Ја исклучиле кога се вљубила во друга девојка.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено