Лежат измрзнати и исплашени во непознати кревети, или испружени на валкани душеци додека ги преживуваат сеќавањата за убиствата на членовите на нивните семејства – овие потресни фотографии покажуваат каде сѐ децата бегалци од Сирија се приморани да преспиваат.
Почнувајќи од 2011 година, војната помеѓу владата на сирискиот претседател Башар Ал Асад и бунтовничките групи меѓу кои ИСИС и Слободната Сириска Армија одзеде повеќе од 200.000 човечки животи и создаде бран од над четири милиони бегалци. Илјадници меѓу ни се деца. Многу од нив се толку млади што не виделе ништо друго освен насилство, додека други имаат само нејасни сеќавања на безгрижното детство во некогаш мирните градови како Алепо и Хомс. Овие срцепарателни фотографии документираат каде сѐ се расфрлани овие деца од војната во Сирија, додека се во потрага по мирен и подобар живот.
Многумина од нив побегнале заедно со своите семејства, но многу од нив живеат тежок живот по улиците, сами, откако нивните сакани биле масакрирани во конфликтот. Слики кои нудат трагичен поглед во животите на тие кои живеат во прифатилиштата и бегалските кампови. Многумина од нив заболеле од болести како полио и пневмонија.
Во светот ништо не е црно-бело, сосема сигурно е дека меѓу бегалците, покрај чесни луѓе има и такви кои веројатно во првата прилика би предизвикале проблеми. Но, сосема сигурно е и дека овие деца не се виновни за ништо.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!