Ужасни фотографии на изгорениците од трет степен кое едно дете ги приморало членовите на одборот за условно ослободување да ја одбијат молбата за условно пуштање на жена која пред 14 години го ставила своето родено дете во печка. Мелиса Рајт, мајка на две деца, која за малку ќе го убиела детето, била осудена на 25 години затвор за убиство во обид.

ld01

Оваа недела Ешли, којашто претрпела изгореници врз 30 отсто од своето тело, се појавила пред одборот за помилување на американската држава Алабама да ги замоли да ја одбилат молбата на нејзината мајка за ослободување. 14-годишната девојка, која била одгледана од нејзините вујко и вујна, кон коишто се обраќа со мама и тато, вели дека не ѝ верува на мајка си – особено во близина на децата на нејзините вујко и вујна, од кои едното е на возраст од осум години, а другото е дваесет и седуммесечно бебе.

„Тие се на приближно иста возраст како јас и Кортни кога се случи тоа“, рекла таа пред одборот. „Чесно кажано, јас не ѝ верувам и се плашам за нивната безбедност. Не можам да си замислам некој да претрпи таква болка каква што претрпев јас. А сега имам прекрасен живот благодарение на мојата мајка, очув, и браќата и сестрите“, вели таа мислејќи на нејзиното ново семејство.

ld02 ld03

Смит вели дека успеала да најде прошка за ужасното злосторство кое го сторила нејзината мајка.

„Не ја мразам Мелиса, но не ја ни сакам. Ѝ простив“, вели таа.

Обласниот јавен обвинител Рандал Хјустон вели дека Рајт била осудена на дваесет и пет години затвор со цел да се овозможи на нејзината ќерка да порасне подалеку од неа.

„Кога Мелиса би излегла денес од затвор, таа законски би можела да го востанови своето родителско право“, вели обвинителот. „Мислам дека тоа би било ужасно за Ешли. Најважно нешто за нас сега е да и овозможиме на Ешли да порасне, да стане возрасна, и потоа ако реши дека треба да воспостави врска со нејзината биолошка мајка, да го стори тоа по сопствен избор.“

ld08

Но, постарата ќерка на осуденичката не се согласува и пред одборот се заложила за ослободување на нејзината мајка, образложувајќи дека таа сега е променета личност.

„Имав само осум години кога се случи тоа, тогаш таа беше поинаква. Видов што се случи, и знам каква беше. Тогаш таа не беше при себеси“, вели ќерката.

ld06 ld07

Ешли била одведена во болница со изгореници врз 30 отсто од нејзиното тело. Во изминатите 14 години таа била подложена на 30-тина хируршки интервенции за да се отстранат лузните здобиени од ужасниот инцидент. За жал, душевните лузни се лекуваат многу потешко.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено