Војниците ги принудувале младите регрути да се силуваат едни со други како дел од злобна ѕверска церемонија на иницијација. Двајца војници кои служеле во касарната Пирбрајт во Сари наводно биле присилувани ужасно да се понижуваат еден со друг пред постарите војници. Војниците претходно поминале седум месеци напорен тренинг во Кетрик, Северен Јоркшир, како дел од 2. чета.

pd01

Пред гледањето на натпреварот во рагби помеѓу Велс и Уругвај во рамките на Светкиот куп во рагби, на двајцата млади мажи на возраст од 23 и 28 одини им било кажано да се истушираат и да се качат на горниот кат на неколку пијалоци. Потоа, играта постепено станувала сѐ помрачна, кога двајца постари гардисти донеле уште повеќе алкохол. Потоа на двајцата нови регрути им било наредено да си ја соблечат облеката како дел од обред на иницијација при влегувањето во Кралската гарда. Касарната е дом на Велшката гарда, дел од дивизијата војници кои ја чуваат англиската кралица.

Потоа на војниците им било кажано да имаат сексуален однос еден со друг. Другите војници ги заобиколиле и ги снимале додека го правеле тоа, а потоа снимката ја објавиле на WhatsApp и SnapChat. Во британската јавност кружат гласини дека 2. чета е позната како „Геј четата“, а извори кои ја виделе снимката велат дека е ужасна и дека е „полошо од сѐ што може да се види во армијата“.

„Сѐ беше надвор од контрола и постарите и поискусни војници очиглендо им наредуваа шо да прават“, вели изворот. „Тие немаа избор, тоа беше злоставување од најлош вид. За ова некои би требало да завршат во затвор.“

pd02

Еден од двајцата војници бил отпуштен од војската поради психички проблеми после измачувањето. Снимката стигнала до повисоките слоеви во командата, по што еден од офицерите го пријавил случајот. Потоа била спроведена истрага по што биле казнети шестмина војници. Наводно полицијата на Сари отворила истрага, но тоа сѐ уште не е официјално потврдено.

Пирбрајт се наоѓа во близина на касарната Дипкат којашто била вовлечена во скандал кога пред седум години четворица војници умреле при мистериозна престрелка.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено