• Еден од шест тинејџери кои редовно ја пушат дрогата стануваат зависни
  • Го удвојува ризикот за развивање на психотични нарушувања, вклучително и шизофренија
  • Тешката злоупотреба во текот на пубертетот го попречува интелектуалниот развој
  • Возењето после пушење трева го удвојува ризикот за сообраќајна несреќа
  • Авторот на проучувањето кажал: „Ако канабисот не предизвикува зависност, тогаш ни хероинот не предизвикува“
  • Пушењето трева во текот на бременоста го зголемува ризикот бебето да се роди со намалена телесна тежина

1412633316081_wps_1_BFR1PK_cropped_view_of_tw

Професорот Вејн Хол, советник за зависности од дрога на Кралскиот колеџ во Лондон ги негира тврдењата на тие кои велат дека канабисот е безопасен.  „Канабисот не предизвикува зависност колку што не предизвикуваат хероинот или алкохолот“, вели тој.

Тие кои што се обидуваат да престанат со пушењето канабис често страдаат од анскиозност, несоница, нарушување на апетитот и депресија. Дури и после лекувањето, помалку од половина остануваат чисти повеќе од шест месеци. Исто така проучувањето покажало дека шансите тинејџерите и младите возрасни да пропушат трева се исти како шансите да пропушат цигари.

1412633791809_wps_19_A_stock_photo_of_lighting

Професор Хол пишува дека е невозможно да се земе смртоносна доза на канабис, што на прв поглед ја чини дрогата помалку опасна од хероинот или кокаинот, но пушењето трева за време на бременоста го зголемува ризикот за раѓање на нездраво бебе, а долготрајната употреба го зголемува ризикот за заболување од рак, бронхитис и срцев удар. Но неговото главно откритие е дека редовната употреба, а особено помеѓу тинејџерите, може да доведе до трајни последици по менталното здравје и зависност. И покрај тоа што некои ќе ве убедуваат дека тревата е побезопасна од цигарите или алкохолот, со пушењето трева си играте руски рулет со вашето здравје, а според проучувањето, одвикнувањето е со слични индикации како при лечењето од алкохолизам.

1412633574803_wps_15_A_man_rolls_a_joint_The_m

Со години активисти и славни личности се обидуваат да го декриминализираат канабисот преку разни кампањи тврдејќи дека здравјето на корисниците всушност се загрозува преку законската забрана на дрогите, отфрлајќи ги се почестите докази дека пушењето трева носи сериозни ризици по менталното здравје. Во познатите поддржувачи на декриминализицијата се вбројуваат комичарот Расел Бренд, пејачот Стинг и писателот Вил Селф.

1412642768465_wps_66_06_OCTOBER_2014_LONDON_UKSting_2009_portrait

Сподели на Facebook
пати видено