Ужаснатите деца и до деветгодишна возраст се исповедале на своите учители и директори на училиштата дека нивните родители за време на училишните распусти ги праќаат во земјите од Блискиот Исток за да се омажат за многу постари партнери. Во австралиската служба за семејни и општествени работи биле пријавени најмалку 73 случаи на присилен брак, при што често се работело за девојчиња на возраст од 14 до 16 години. Најмногу станува збор за деца од Авганистан, Либан и Пакистан.
Австралиските власти ги повикуваат верските лидери да сфатат дека присилните бракови се нешто целосно неприфатливо.
„Би требало да разговараат со нивните заедници и да се осигураат дека тоа е целосно неприфатливо и криминално дејствие“, вели министерот Бред Хазард. Во Австралија се отвараат специјални прифатилишта за деца кои побегнале од ваквите бракови, и според известувањата бројот на деца кои побегнале поради таа причина е многу голем. „Тоа е цунами од деца кои бараат помош“, вели министерот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!