Тинејџерка од Њујорк која ичезнала пред седум години за време на летниот распуст во Мертл Бич, Јужна Каролина, била силувана, убиена и фрлена на алигаторите, откриваат новите информации. Тогаш 17-годишната Бритни Мери Дрексел, патувала во Мертл Бич со пријателите, без да им јави на своите родители и исчезнала без трага откако го напуштила хотелот на 25 април.

dv01

Во јуни, иследниците изјавиле дека веруваат дека исчезнатата тинејџерка е мртва и понудиле 25 000 долари за информација која би довела до затворање на случајот. В петок, агент на ФБИ дал детален извештај за тоа што властите веруваат дека ѝ се случило на девојката, врз основа на сведоштвото на затвореник кој вели дека ги видел ужасните последни мигови на Дрексел.

dv02 dv03

ФБИ агентот Герик Муноз ијзавил дека, според сведочењето на затвореникот, Дрексел била држена затворена во склад во МекКлиланвил, гратче на час оддалеченост од Мертл Бич, што ги потврдува информациите со кои располага полицијата, судејќи според сигналите на нејзиниот телефон.

dv04 dv05

Порано оваа година, затвореник осуден на 25 години затвор поради убиство на полицијата ѝ кажал дека знае што се случило со младата жена. Затвореникот Такан Браун од Волтерборо им кажал на агентите дека влегол во куќарката во деновите кога Дрексел била грабната и вдел како Тимоти Да`Шон Тејлор, тогаш на 16 години, сексуално ја злоставувал. Браун раскажал дека отишол надвор да му даде пари на таткото на Да`Шон, и тогаш видел како девојката истрчала од куќата, но набргу била фатена и претепана со пиштол. Потоа ја довлечкале назад во куќата и слушнал два истрели, по што го видел завитканото тело кое го однеле некаде.

dv06 dv07

Муноз изјавил дека неколку сведоци виделе како телото на девојката било фрлено да биде изедено од алигатори. Досега агентите не успеале да ги најдат останките на девојката и покрај тоа што пребарале 14 од 40 бари со алигатори во областа.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено