Барбара Џејн Мекл имала среќен живот. 20-годишната жена била убава и популарна. Таа била ќерка на Роберт Мекл, милионер од Мајами, кој заедно со неговите браќа бил сопственик на Корпорацијата Делтон, една од најголемите градежни компании во Америка.
Но, едно чукање на вратата што се случило пред повеќе од 50 години доведе до едно од најзастрашувачките злосторства во историјата на Америка.
Сè започнало 8 дена пред Божиќ 1968 година. Барбара, студент во Атланта, се разболела. Училишните болници биле пренатрупани, па нејзината мајка Џејн заминала во Атланта да се грижи за својата ќерка во блискиот хотел.
Доцна во ноќта некој чукнал на вратата од хотелската соба. Од друга страна, машки глас тврдел дека пријателот на Барбара (и идниот сопруг) – Стјуарт Вудворд претрпел сообраќајна несреќа. Џејн ја отворила вратата и здогледала маж кој држи пушка и жена со маска за лице. Ова се 23-годишниот Гери Стивен Крист и 26-годишната Рут Ајсман Шиер. Двајцата ја онесвестиле Џејн со хлороформ и ја врзале, а потоа ја земале Барбара и ја турнале во син автомобил.
Гери и Рут патувале околу 30 километри со автомобилот и влегле во мала шума. Потоа Гери ја однел Барбара до отворена јама до која имало дрвена кутија (2m x 1m). Гери ѝ рекол на исплашената Барбара дека ќе ѝ дадат храна, вода, ќебе, фенерче, мал вентилатор и пумпа, со која може да ја исфрли водата, во случај да врне. Сето ова ќе ѝ биде доволно за една недела, ако таа го искористи правилно. Гери почнал да го заковува капакот на кутијата, а потоа ја закопал жива Барбара. Барбара неконтролирано удирала во ковчегот, но нејзините барања за помош се покажале како залудни. Последните зборови на Гери до неа биле: „Немој да бидеш такво бебе“.
Подоцна тоа утро, телефонот заѕвонел во домот на Роберт и Џејн Мекл. Непознат глас им кажал дека нивната ќерка е погребана во кутија и ќе се задуши ако не платат откуп од 500.000 долари. Имало уште две дополнителни барања – парите морале да се стават во куфер и Роберт морал да ги достави сам. Ако таткото на Барбара се согласи да го стори тоа, тој морал да објави во весникот Мајами Хералд. Роберт се согласил. Соопштението гласело: „Те сакам. Те молам врати се дома. Ние ќе ги платиме сите трошоци и ќе се сретнеме било каде и во секое време.“ Оние кои ја читале пораката никогаш не се посомневале во страшната вистина зад неа.
Два дена подоцна семејството Мекл добило уште еден телефонски повик. На Роберт му е кажано да оди во далечна точка во близина на заливот Бискејн, да ги остави парите и да си оди дома. Тој се согласил и ја почитувал спогодбата, но работите не оделе како што било планирано. Личноста која живеела во областа каде што Роберт морал да ги сретне киднаперите слушнала бучава и помислила дека станува збор за крадци и пријавила во полицијата. Полицајците се упатиле кон местото за да ги успасат Гери и Рут. Кога виделе дека не се сами, киднаперите го ставаат куферот на земја и бегаат.
Брод и напуштениот син автомобил биле пронајдени во близина на местото. Во автомобилот, полицајците пронашле фотографија на Барбара, која држела белешка на која пишувало: „Киднапирана“.
Во меѓувреме киднапираната Барбара се обидувала да преживее, мислејќи на позитивни работи потпевнува си божиќни песни и потсетувајќи се среќни моменти со семејството и пријателите. Но, таа не можела да се ослободи од ужасните мисли. Во книгата “83 Hours Till Dawn” Барбара пишува: „Си реков – еве тука е местото каде што ќе умрам. Три или четири пати мислев дека ова ќе биде мојот ковчег. Кога се чувствував најлошото, се прашував кој ќе ме најде. Кој, кога и како. Можеби некој земјоделец. Или некој што ќе гради нешто. По 10 години? 20 години? Беше студено, бев влажна и бев во болки“. Во даден момент ситуацијата станала уште поужасна – светилката згаснала и Барбара била проголтана од целосна темнина.
Во тоа време, Роберт очајно се обидувал да ја врати својата ќерка дома. Лут затоа што единствената шанса да ја спаси е потрошена, тој издал соопштение за медиумите упатено до киднаперите, уверувајќи ги дека тој не ја повикал полицијата. Потоа добива телефонски повик да оди до оддалечен земјен пат во Мајами и да го остави куферот со пари таму. Тој го прави тоа што му е наредено и очекувал уште еден повик, заедно со неговата сопруга и ФБИ.
Во 15:00 часот киднаперите контактирале со него. Гери му дава упатства за тоа каде се наоѓа Барбара, но тие не биле доволно детални. Повеќе од 100 агенти на ФБИ ја пребарувале областа. Одеднаш еден од истражувачите слушнал слаб удар. Тогаш мажите почнале да ја копаат земјата со голи раце.
Дванаесет минути подоцна, Барбара, истоштена, но неповредена, била изнесена од ковчегот. Додека еден од агентите ја носел во автомобилот, таа успева да се пошегува: „Ти си најубавиот маж што сум го видела“.
Гери бил фатен во Флорида откако полицијата ја следела јахтата што ја купил со голем дел од парите за откуп. Рут била откриена за 79 дена (Таа имала чест да биде првата жена што ќе биде вклучена во листата на Топ 10 најбараните лица на ФБИ). Гери добил доживотна казна во 1969 година, но бил ослободен со кауција 10 години подоцна.
Сепак, Гери ја изгубил и својата втора шанса за слобода. Тој одел во медицинските училишта во Гренада и Доминика каде конечно си нашол работа како општ лекар во Индијана, но во 2003 година лиценцата му била одземена. Три години подоцна Гери повторно се вплеткал во проблеми – овој пат купил јахта во Јужна Америка, за да увезува кокаин во САД. Уапсен е во Алабама, осуден е на 5 години затвор и е ослободен во 2010. Во 2012 окружен судија го укинува неговото ослободување поради нарушување на условна казна (откако Гери ја напуштил земјата без дозвола) и добива уште 40 месеци затвор. Рут е депортирана во татковината Хондурас откако ја отслужила 4-годишна затворска казна за стореното кривично дело.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.