„Семејството“ била секта на судниот ден во Австралија, формирана во средината на 1960-тите, која учела мешавина од христијанството и хиндуизмот, прогласувајќи го нивниот водач, Ана Хамилтон-Бурн, како Месија или женската реинкарнација на Исус. Настрана од возрасните кои слепо ја следеле Хамилтон во „Семејството“, нејзината група се состоела од мали деца, „посвоени“ и одгледани од неа како нивен лидер и мајка.
Ана посвоила 28 деца, од кои 14 верувале дека таа им е вистинската мајка. Тие биле посвоени уште додека биле бебиња, некои од нив биле доброволно предадени од мајките кои биле дел од сектата а останатите биле обезбедени од страна на други членови на сектата кои работеле како адвокати, социјални службеници, лекари и слично. Ана е родена како Евелин Едвардс и таа никогаш не го запзонала нејзиниот татко или пак нејзината мајка која целиот живот го поминала во психијатарска болница затоа што боледувала од шизофренија.
Ана била мажена, но нејзиниот сопруг починал и имала еден абортус. Тогаш решила да почне да се занимава со јога и отворила студио. Кај неа доаѓале средовечни жени од високата класа, на кои им било прилично досадно а харизматичната Ана ги убедувала во нејзините верувања за духовниот свет и разводот кој тогаш бил табу тема. Таа исто така ги прифаќала и луѓето од геј заедницата, затоа што во тоа време тие биле одбегнувани од општеството. Во 1961 година, таа се запознала со Рејнор Џонсон, кој тогаш бил лекар од Оксфорд и професор на Универзитетот во Мелбурн. Тој ја запознал Ана со многу влијателни луѓе и го понудил неговиот имот надвор од Мелбурн за собирање и „дискусија“ на друштвото наречено „Семејството“.
Така се оформила секатата а Ана додека била под дејство на ЛСД дрогата тврдела дека таа е реинкарнација на Исус. Децата кои биле посвоени биле константно малтретирани дури и за најмалата грешка. Тие биле оставани со денови да гладуваат во самица доколку заборават да го изгасат светлото и им бил даван валиум за да бидат мирни. Целта била овие деца да учат како да ја продолжат лозата и да ја прошират приказната за светицата Ана кога ќе дојде до Третата светска војна.
Кога ќе наполнеле 14 години се правела церемонија за да почнат со третманот со ЛСД. Оттогаш тие редовно биле приморани да земаат од дрогата како и сите останати членови на сектата. Бидејќи секатата се состоела од угледни и влијателни луѓе полицијата не можела да ги разоткрие се додека „омилената ќерка“ на Ана, Сара Хамилтон не била исфрлена од сектата на 17 години затоа што не ги следела правилата. Таа се сретнала со детективот Хелен.Д. Таа и раскажала за се што се случува во „Семејството“, а полицијата успеала да ги ослободи децата, но Ана и нејзиниот партнер Бил избегале во САД.
Тие конечно биле уапсени во 1993 година од страна на ФБИ и вратени во Австралија. За жал, единствените обвиненија поднесени против Ана биле измама и заговор поврзан со фалсификувани посвојувања. Ана веќе 12 години живее во дом за стари лица во Мелбурн, има 97 години и страда од деменција.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!