Семејството на еден човек од Бразил било ужаснато од глетката кога скокањето со банџи завршило лошо и човекот удрил со глава во земјата. На интернет се појави видео снимката на која се гледа како 36-годишниот Фабио Езекиел Мораес скокнал право во прегратките на смртта.

mo01

Мораес се подготвувал за скок во Сао Паоло висок 40 метри, додека неговата сопруга, неговиот шестгодишен син и неговиот брат го гледале неговиот подвиг. Но, за жал должината на јажето била погрешно пресметана и наместо да отскокне назад на неколку сантиметри од тлото, тој удрил во земјата со сета сила. Мораес веднаш бил одведен во болница, но набргу им подлегнал на повредите. Локален весник пренесува дека тој размислувал да скока заедно со неговиот син, но за среќа пред самиот скок решил да не го прави тоа. Полицијата ја запленила опремата и започнала со истрага.

m02

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено