Современото општество графитите ги потиснува во уличките на своите урбани џунгли. Но, графитите се една од најстарите уметнички форми во светот.
Уште од предисторијата, човекот чувствувал потреба да драска по ѕидовите на пештерите и уличките. Многу од пораките на нас денес не ни значат ништо, а некои се трагични потсетници на животите на луѓе кои живееле многу одамна, но некои од графитите откриени на улиците на Помпеја се просто урнебесни.
APOLLINARIS, MEDICUS TITI IMPERATORIS HIC CACAVIT BENE.
Превод: Аполинарис, доктор на императорот Тит, добро се искака тука.
OPPI, EMBOLIARI, FUR, FURNUNCLE.
Опиј, ти си кловн, крадец и ефтин измамник.
ILLAM MAXIME, SPERO VESTRA HAEMORROIDUM FRICARE SIMUL IN TANTUM UT NOCEBIT PEIOR QUAM CUM OMNIS HABENT ANTE!
Се надевам дека вашите хемороиди толку многу ќе се тријат помеѓу себе што ќе болат полошо од кога било порано!
SUSPIRIUM PUELLAM CELADUS THRAEX
Келадус прави девојките да стенкаат.
ADMIROR, O PARIES TE NON CECIDISSE, QUI TOT SCRIPTORIUM TAEDIA SUSTINEAS
Се чудам, о ѕиду, што сѐ уште не си паднал, толку многу простотии поднесуваш на себе.
MIXIMUS IN LECTO. FAETOR, PECCAVIMUS, HOSPES. SI DICES: QUARE? NULLA MATELLA FUIT.
Го намокривме креветот, признавам, згрешивме, домаќине. Но, ако прашај зошто? Па немаше никаков нокшир.
DOMINUS EST NON GRATUS ANUS RODENTUM!
Господарот не вреди ни колку задник на стаорец!
THEOPHILE, NON FACIUNT ORALIS SEXUS SUPER PUELLAS ADVERSUM CIVITATEM MURUS, TANQUAM CANEM.
Теофиле, не им прави орален секс на девојките спроти градскиот ѕид како некој пес.
VIRGULA TERTIO SU: INDECENS ES.
Виргула до Терит: Безобразен си.
Политичките карикатури начкрапани на ѕид од златното доба на раната Римска империја се исто така неверојатни. Со оваа карикатура оди и натписот:
EPAPHRA, GLABER ES.
Ерафра, ти си ќелав.
Дури и во античките времиња, не секогаш биле потребни зборови да го искажете тоа што го мислите, кога можете едноставно да нацртате – фалус.