Идејата за заживување на Планетата Близнак се верува дека може да се реализира за околу 100.000 години. Во една студија претставена пред НАСА, научниците Арон Берлинер од Универзитетот Беркли во Калифорнија и Мек Кеј од Одделението за вселенса наука во НАСА, изработиле план за воспоставување на воздушна атмосфера.
Тие предлагаат две фази во развојот на овој проект:
Првата фаза, е затоплување на планетата од моментална просечна температура од – 60ºC до температура од + 15ºC приближно на просечната температура на планетата Земја, со што би се создала густа атмосфера на CO2.
Втората фаза е производство на одредено ниво на кислород во атмосферата, кој ќе им овозможи на луѓето и останатите цицачи да дишат нормално. За овој подвиг ќе биде потребни технолошки истражувања.
Вака сега ни изгледа нам, пред компјутер
Загревањето на Марс би се постигнало преку ослободување на големи количини на јаглерод диоксид и стакленички гасови. Ако тие зафатат 10% од сончевата радијација, за еден век Марс би достигнал просечна температура од 15 ºC.
За концентрацијата на кислород, би помогнал едноставен процес на фотосинтеза. Со зaтоплувањето се создава густа атмосфера на CO2, на повисоки температури следува цикличен процес на движење на гасовите. Така би се создала топла, био – средина, со присутни флора и фауна. Резултат на ова е потрошувачка на нитрати и перхлорат во почвата на Марс и производство на азот N2 и O2 гасови.
Вака би изгледал, доколку би се реализирал проектот
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.