Изгледа дека религијата не е добра само за душата – би можела да биде добра и за вашето здравје. Ново истражувње спроведено од Американското медицинско здружение вели дека тие кои одат во црква често имаат поголеми шанси да живеат подолго. Во текот на истражувњето кое траело вкупно 20 години и биле набљудувани повеќе од 76.000 медицински сестри, повеќето од кои припаѓале на католичката или протестантската вера. При крајот на тие дваесет години, повеќе од 13.000 од нив починале. Жените кои оделе на црковни служења почесто од еднаш неделно, според статистичките податоци, живееле за триесет и три отсто подолго од другите коишто не го правеле тоа.

c01

Тајлер Вендервили, истражувач на Харвардското училиште за јавно здравје кој беше коавтор во студијата, вели дека ефектот се намалувал како што учесниците во студијата го намалувале нивното одење в црква. Тие што оделе в црква еднаш неделно имале дваесет и шест отсто шанси повеќе за подолг живот, а тие што оделе помалку од еднаш неделно, за тринаесет отсто.

Ова довело до изненадувачки заклучок на научниците:

„Религијата и духовноста можеби се потценет ресурс кој лекарите би можеле да го истражуваат со нивните пациенти, како што им налага случајот“, пишуваат. „Нашите резултати не имплицираат дека здравствените работници би требало да препишуваат рецепти за одење на религиозни служби, но тие кои веќе се верници, би можеле да бидат охрабрувани на тоа како вид на значајна социјална инволвираност.

c02

Зборувањето за религиските убедувања е едно од последните табуа“, вели тој. „Нешто се случува во тој поглед, што ние го игнорираме. Гледате нешто што предизвикува преголем ефект отколку што вообичаено би очекувале? На кој начин би било соодветно да му пријдете и да го разберете – дури и ако не можете да управувате со истото на начин како што тоа би го правеле со крвниот притисок“. заклучува научникот.

Сподели на Facebook
пати видено