Меки Аланте Лаки има само 20 години а веќе е уапсен неколку пати. Последен пат се случило во април, 2016 година кога бил уапсен поради пребрзо возење со украдено возило.

Неговата фотографија од апсењето станала вирална и го привлекла вниманието на Деманти О’Брајан, менаџер на агенција за модели Клари Моделинг од Атланта. Бидејќи Меки успеал да го избегне затворот, потпишал договор со агенцијата и започнал нов живот. На неговиот Инстаграм профил веќе има 25.000 следбеници.

Момчето најмногу го привлекло вниманието на јавноста поради  неговата хетерохромија, односно тоа што бојата на неговите очи е различна. Меки исто така станал татко на девојче оваа година во јуни. Тој во 2016 бил уапсен 5 пати од кои и напад врз жена и прекршување на условната казна.

Меки изјавил дека не сака да оди по стапките на неговиот претходник, Џереми Мекс, кој се прослави со неговата фотографија од апсење во 2014 година. „Не сакам да одам по стапките на Џереми Мекс. Не сакам да одам по стапките на било кој друг. Сакам да одам подалеку од тоа и да го направам уште подобро од било кој. Знаете, да го направам на мој начин. Сакам да бидам модел што е можно подолго. Навистина уживам во тоа, забавно е.“, изјавил Меки.

    

Сподели на Facebook
пати видено