Активисти за права на животните од Романија стравуваат дека локален жител измачува животни откако четири кучиња биле најдени покриени со жежок афалт и оставени да лежат беспомошни на жешкиот асфалт. Животните биле однесени на ветеринар во критична состојба. Ова е втор ваков случај во Јаши, град во североисточна Романија.
Каталин Павалиу, основач на организацијата „Небесна фондација за права на животните“, изјавила: „Почнуваме да мислиме дека во градот има некој кој намерно ги прави овие сурови чинови.“
Сорин Пуиу, ветеринарот кој им дал анестезија на животните пред да им го извадат катранот вели дека кучињата биле во критична состојба, но сега се стабилни.
„Едно од нив особено настрадало. Неговото лево око, неговиот нос и неговата уста беа покриени со катран.“
За време на инцидентот минатиот месец полицијата наводно воопшто „немала намера да си го троши времето на истражување вакви случаи.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!