Делфин е пронајден мртов на плажа во Флорида, а неговите убијци се несовесните луѓе. Машкиот делфин од 2 метри е вториот делфин кој е пронајден мртов со стомак полн со пластичен отпад на Форт Маерс Бич за само еден месец. Овој пат станува збор за црево со туш, долго 60 сантиметри.
Ѓубрето се верува дека е дел од пренослив туш, кој им овозможува на патниците и камперите да се тушираат додека се на плажата. Минатиот месец мртов делфин, новороденче, исто така бил пронајден на плажата со две пластични кеси и дел од балон во неговиот стомак.
Ѓубрето беше пронајдено за време на аутопсијата од страна на Институтот за истражување на рибите и дивиот свет на Комисијата за заштита на риби и диви животни на Флорида.
Институтот ги повика луѓето преку објава на Фејсбук да ги сменат навикита за справување со отпадоците и да учестуваат во организирани чистења на плажите.