Продолжува од: 15 неверојатни древни градови за кои можеби не сте научиле на училиште.

16. Сукхотаи

gr16

Името доаѓа од санскрит и значи „Зора на среќата“. Огромниот комплекс од храмови служелкако престолнина на престолнината Таи во текот на 140-тина години. Современиот град Нов Сукхотаи се наоѓа во близина, а стариот град привлекува бројни туристи. До 2014 биле ископани вкупно 193 храмови, и делумно се реконструирани.

17. Меса Верде

gr17

Меса Верде во Колорадо бил дом на поколенија луѓе кои ги населувале карпите, познати под името Анасази. Со текот на времето, нивното градителство се развило до тој степен што една куќа можела да содржи 150 соби. Покрај нивната архитектура, Анасазите се познати и по нивното мистериозно исчезнување во 1300, после само неколку стотина години цивилизација.

18. Персеполис

gr18

Парша (Персеполис е грчко име коешто значи „Градот на Персијците“),лавниот град и културното средиште на моќната Персиска империја, бил исклучително богат и убав град во врвот на неговото цутење. Од тоа останало многу малку, бидејќи бил изгорен до темел од Александар Велики, како одмазда поради тоа што Персијците го изгореле Акропол во Атина. И после тоа останал главен град на Персија, и под владеење на Александар, но потоа постепено почнал да опаѓа.

19. Лептис Магна

gr19

Римскиот трговски град Лептис Магна во Либија станал моќен северноафрикански центар и траел околу 760 години. За разлика од Картагина, жителите на овој град стапиле во сојуз со Рим, па дури во него извесен период живеело и семејството на императорот. Во 365 г.н.е. градот бил уништен од цунами и почнал да пропаѓа. Бил напаѓан неколку пати, а проширувањето на Сахара постепено почнало да го затрупува градот со снег. До десеттиот век бил целосно затрупан и заборавен, сѐ до 1930-те. Во 2005 година биле откопани мозаици.

20. Кунја Ургенч

gr20

Овој древен град кој се наоѓа во денешен Туркменистан некогаш бил престолнина на Кварезм, дел од царството на Ахаеменидите, и служел како важен трговски центар од 10-от до 14-от век. Преживеал и еден од најкрвавите масакри во историјата, инвазијата на Џингис Кан во 1221 година. Но, Кунја-Ургенч му се спротивставила на големиот монголски освојувач. Но, кога бислката река Аму-Дарја го сменила својот тек, трговијата почнала да опаѓа, и до 1500-те градот бил целосно напуштен. Денешниот современ град Ургенч се наоѓа во Узбекистан, веднаш до границата.

21. Вирупакша

gr21

Ова бил еден од најголемите градови во светот, броејќи до 500.000 жители. За време на подемот на Виџајанагарското царство (14-16. век) овој град цутел, но и често влегувал во судир со соседните муслимански царства. На крајот, во 1565, муслиманите победиле и Вирупакша паднала, нејзините храмови биле уништени, а луѓето масакрирани. Виџајанагара опстоја и по инвацијата, но овој град никоташ повеќе не бил населен.

22. Калакмул

gr22

Тикал е градот на Маите кој ја собрал сета слава, но тој бил во жестоко ривалство со градот Калакмул. Борбата за моќ помеѓу овие два града вообичаено се толкува како борба меѓу две супер сили во рамките на Мајанската култура. Од 600-те до 700-те години од нашата ера, Калакмул триумфирал, благодарение на мрежата од сојузници, но Тикал пак се кренал во големата битка во 695 година. Сепак, ниеден од овие два града не можел да го издржи пропаѓањето на културата на Маите, и постепено биле напуштени.

23. Палмира

gr23

Овој семитски град во денешна Сирија се спомнува во аналите на Асирците и во Тората, и бил познат како популарна караванска станица. Градот го поврзувал Медитеранот со истокот, вклучујвајќи ја и персиската империја, и почнал да опаѓа со арапската инвазија во 634 година, по што бил редуциран во мал град. Рушевините биле откриени во 1600 година од страна на западни патници.

24. Ктесифон

gr24

Ктесифон служел како главен град на Партијците и Сасанидите, и се наоѓа крај реката Тигар во Ирак. Во периодот 570-637 г.н.е. бил најголем град во светот, единствената преостаната градба од овој град е големата арка Так Касра.

25. Хвалсеј

gr25

Според стандардите, можеби ова и не би можело да се смета за град, но Хвалсеј била една од најголемите три викиншки населби во Гренланд, основан некаде околу 985 година од нашата ера. Во врвот на своето постоење го населувале околу 4.000 жители, но по пропаѓањето на една од другите населби, нештата тргнале кон лошо и тука. Послдниот запишан настан во Хвалсеј се случил во 1498 година (се работи за свадба), но потоа Хвалсеј замолчал, а брачниот пар се преселил во Европа, населувајќи го Исланд.

26. Ани

gr26

Ани се воздигнал во петтиот век од нашата ера, и до десеттиот век станал главен град на Ерменија. Неговиот прекар бил „Градот на 1001 црква“ и рушевините кои останале до денес сведочат за неверојатна разновидност на средновековната архитектура. Цутел до тринаесеттиот век, при што бројот на жители достигнал до 200.000. Но комбинацијата од земјотрес, монголска инвазија и поместувањето на трговските патишта, севкупно биле силе силна причина за неговото опаѓање. Рушевините се наоѓаат во денешна Турција.

27. Паленке

gr27

Овој град на Маите е помал од Калакмул и Тикул, но е дом на некои од најдобрите примери за мајанската скулптура и архитектура. Градот почнал полека да опаѓа во доцниот осми век од нашата ера. Земјоделците продолжиле да живеат и откако градот опустел, но на крајот и тие си заминале.

28. Тиванаку

gr28

Тиванаку бил главен град на Јужно-Американската империја и суштествувал од 300 до 1000 г. н.е. Се наоѓа во денешна Боливија. Познат е по својата неверојатно прецизна архитектура и камени градби, како и по фактот дека неговите жители принесувале човечка жртва. Бил освоен од Инките во 1445 г. н.е.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено