За некои луѓе, тетоважа на увото или зад него може да биде израз на совршен баланс помеѓу храброста и суптилноста. Делот зад увото кај многу луѓе претставува ерогена зона, па така тетоважата на тоа место може да биде секси. Но сепак многу внимавајте доколку се решите на ваков чекор – тетоважите врз `рскавица бледнеат многу побрзо, а инфекцијата на `рскавицата се лекува многу потешко отколку кожната инфекција. Ваквите тетоважи ги изведуваат врвни професионалци. Не си го ризикувајте здравјето, а уште помалку тоа треба да го правите кај аматери.