Уметникот Џулиен „Сет“ Маланд ака Сет Глобпејнтер се прослави низ светот со неговите живи мурали на кои се насликани луѓе, најчесто деца, кои изгледаат впиени во празнини кои изгледаат како виножито. Фигурите вообичаено гледаат во овие базени од кои извира боја. Сет бил активен во паришката графити сцена уште од деведесеттите и напишал и учествувал во пишувањето на неколку книги. Овде е претставена серија од неговите неодамнешни дела на фасадите низ Италија, Канада, Порторико и Париз.