Ураганот Доријан, кој ги погоди Бахамите, беше толку силен што уништи повеќе од 13.000 градби и уби десетици луѓе. Сепак, овие необични дрвени куќи во облик на круг што ги произведува компанијата Делтек повторно ја покажаа својата цврстина и успешно му се спротивставија на ураганот.
Да, овие куќи се 10 проценти поскапи од другите куќи, а тркалезните sидови не можат да се наречат практични. Исто така, употребливата површина на куќата е помала од онаа на традиционалните градби. Но, нивната цврстина е сè уште неверојатна.
Особеноста на куќите на Делтек не е само во нивната необична форма, туку и во градежните материјали, кои поминуваат тестови за цврстина и способност да издржат природни катастрофи. Покрај тоа, сите прозорци се изолирани, а покривот е фиксиран на основата на структурата со специјални метални ремени.
Квадратурата на куќите е различна – од 28 до 93 метри квадратни. Најевтината куќа чини 100 илјади долари, што споредено со цените на недвижнините на запад и не е некоја голема бројка.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.