Застрашувачките ветрови на ураганот Доријан донесоа неверојатно откритие на бреговите на Флорида, откако повеќе од десетина тули кокаин се појавија на две плажи.
Еден полицаец патролирал пеш на плажата кога еден човек му пришол и му кажал дека забележал сомнителен пакет на плажата.
Откако тргнал да истражи полицискиот службеник пронашол пакет – завиткан на начин што е во согласност со наркотиците. На надворешната страна од пакетот, буквите „Д-И-А-М-А-Н-Т“ можат да се видат напишани на предната страна, за кои се верува дека завршуваат како „diamantes“ што на шпанси значи дијаманти.
Откако бил отворен пакетот веднаш заклучиле дека станува збор за кокаин, а по некое време уште 15 вакви тули биле пронајдени на плажа оддалечена неколку километри од оваа. Според проценките направени од властите, еден килограм кокаин вреди помеѓу 20 000 и 30 000 американски долари, што значи дека „пратката“ на плажите би можела да биде во вредност од над 400.000 американски долари.
Бурата Доријан, сега со категорија 2, го погоди источниот брег на централниот дел на Флорида во вторникот вечерта, откако веќе направи хаос и предизвика пустош на Бахамите, при што загинаа седуммина.