21-годишниот студент, Камран Хусеин, од североисточен Лондон, решил директно да му пристапи на неговиот проблем со невработеност, откако аплицирал на околу 100 работни места преку интернет и не довил одговор на ниту една поднесена апликација.
Камран подготвил повеќе копии од неговата кратка биографија и почнал да ја разделува на луѓето на железничката станица во Лондон. Студентот по сметководство и финансии се разбудил во 5.30 часот, отпечатил 35 копии од своето CV и се упатил кон станицата во Ливерпул Стрит, Лондон, во 7:30 часот.
Тој стоел со знак пред него, на кој пишувало „Амбициозен сметководител. Бара работа на почетно ниво. Побарајте CV.“ Откако останал таму тдва часа се упатил кон Канон Стрит, за да ја фати гужвата за време на ручек. По четири часа стоење на улицата му останале само четири биографии и понудите за интервјуа за работа почнале да се собираат.
Наредниот ден тој прифатил работно место во фирма, како одговорен за трансакции за маркетинг и ќе почне со работа во среда.
Камран вели: „Моето коцкање се исплатеше. Ми доаѓа да заплачам, добив шанса. Тоа беше најдоброто искуство во мојот живот, оваа компанија ми ја даде паузата што ми ја требаше и не можев да бидам поблагодарен.“ Тој вели дека поради слабите оценки кои ги имал не можел да се истакне покрај останатите кандидати на „хартија“, но смета дека добро ја разбира работата и заслужува да добие шанса да го покаже неговото знаење.
Тој тврди дека ова е најдоброто искуство во неговиот живот и им препорачува на идните студенти да ги следат неговите стапки, наместо да ги испраќаат своите биографии во „бездната“ на веб-сајтовите за регрутирање.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.