Пред неколку дена рускиот регион Краснодар го зафати силна бура, која предизвика силни бранови, што уништија добар дел од плажите во Сочи. Вчера времето во регионот почна да се подобрува, но на плажите имаше планини од гранки, скршени дрвја и друго ѓубре. Но, ништо не може да ги спречи туристите кои платиле за да одмораат на плажа.