Одбивам да изработувам сериски производи едноставно порадитоа што секој модел е уникатен и не можам да изработам две идентични маси, така што двајца луѓе не можат да поседуваат две исти маси кои се моидела.Секогаш ја почитував разликата помеѓу луѓето, нивните посебни личности и верувам дека тоа треба да се одрази и на ентериерниот дизајн на нивните домови. Го создадов концептот „Ла Табл“ со цел да создадам парчиња мебел со уметничка, привлечна и современа уникатност.
Моделот Лагун 55 е масичка извајана од единствено парче мермер. Во издлабените делови сипавме епоксидна смола со ункатна формула за да се создаде ефект на различни нивоа на длабочина. Оваа навистина особена техника прави илузија како на нашите маси да се разлева океан.
Александар Чеплин