Анонимен маж си го купил уникатното Бугати La Voiture Noire за САМО 18,7 милиони долари. Автомобилот допрва треба да го направи своето јавно деби во САД.
Суперавтомобилот ќе се појави во недела на Конкурс Д’Елеганција во Монтереј, Калифорнија, ултра ексклузивно шоу за автомобили за кое само картата за влез чини 450 долари.
La Voiture Noire што во превод значи „Црниот автомобил“ претходно дебитираше во Европа на меѓународниот автомобилски саем во Женева во март. Гласините се вртеа во врска со мистериозниот купувач на автомобилот, откако беше продаден на неидентификуван љубител на Бугати врз основа на само на скица.
Француската луксузна компанија изгради само еден од прототипните суперавтомобили, кој е направен во чест на 110-годишнината од основањето на компанијата. La Voiture Noire е модерно толкување на митскиот и легендарниот Bugatti Type 57SC Atlantic, од кои четири се направени помеѓу 1936 и 1938 година.
Три од посакуваните класични автомобили се на број додека четвртиот бил изгубен во Втората светска војна и тој би вредел 100 милиони долари доколку се пронајде денес.
La Voiture Noire е вистинска ракета, придвижувана од 8,0-литарски турбополнач W16 мотор кој може да достигне 420 километри на час. Како и да е, автомобилот сè уште не е комплетен и не се очекува да биде „пуштен“ на улиците до 2021.
Иако се смета дека автомобилот е најскапиот нов автомобил досега продаден, најверојатно ќе има уште поскапи класични автомобили на плажата Пебл во недела.
Ферари 250 GTO од 1962 година беше продаден на минатогодишната автомобилска недела Пебл плажата за рекордни 48,4 милиони американски долари.