Некогашниот муслимански имам од Нигерија, кој се оженил 130 пати, во саботата умре во својата 93. година. Зад себе остави повеќе од 200 деца. На погребот на Мохамед Бело Абубакару бил присутен голем број луѓе. Како што известуваат медиумите, некои од неговите жени се во бремена состојба. Според зборовите на неговиот личен асистент, имамот имал претчувство дека наскоро ќе умре.

zn01

Во 2008 година се соочил со критики од страна на бројни муслимански верски учители, кои од него барале да се разведе од 82 жени од неговите 86 колку ги имал во тоа време и тоа во рок од 48 часа. Меѓутоа, тој го одбил тоа, одговарајќи дека негова „божја“ мислија е да се жени. Наводно тој се женел вкупно 130 часа, а десет од неговите бракови завршиле со развод. Во 2008 година изјавил дека способноста да се справува со голем број жени му е дадена од Бог.

„Просечен човек би се срушил и умрел од десет жени, но мене Бог ми даде сила, па бев во состојба да контролирам 86.“

zn03

Една од неговите сопруги кажала дека не можела да го одбие нејзиниот брачен предлог бидејќи тоа е наредба од Бог. Во времето кога бил уапсен, неговото многубројно семејство го опишувало како добар сопруг и татко. Меѓутоа, на другите им советувал да не одат по неговите стапки, бидејќи само тој е способен да се носи со стотици жени, бидејќи му била доделена таква мисија од Бог.

Сподели на Facebook
пати видено