Мајка од Тексас ги убедила и измамила лекарите да направат 13 големи операции на нејзиниот здрав син и го натерала да издржи 323 посети на лекар во текот на првите 8 години од животот и го ограничила во инвалидска количка.

35-годишната Кејлен Боуен од Далас се изјаснила за виновна пред судот за сето она што му го предизвикала на својот син Кристофер.

Таа ќе биде осудена во октомври и ќе се соочи со до 20 години затвор. Кејлен го изгубила старателството над Кристофер и над неговите полубрат и полусестра. Кристофер сега има 10 години се опоравува од злоупотребата на мајка си, станал добар ученик на училиште и се занимава со спорт, изјавил неговиот татко Рајан Крафорд.

Рајан долго време се трудел да докаже дека неговиот син не е болен, но семејните судови на крајот секогаш застанувале на страна на мајката.

Властите велат дека Кејлен пати од Синдром на Минхаузен што претставува сериозно ментално пореметување кое што кај личноста што има многу голема и длабока потреба за внимание се преправа дека е болна или намерно се разболува или повредува или пак тоа го прави на некој близок. Луѓето кои што патат од синдромот на Минхаузен можат да измислат симптоми, да иницираат ризични активности или да пробаат да ги фалсификуваат лабораториските тестови со цел да добијат симпатија и загриженост кон себе.

Службениците за заштита на децата утврдиле дека Кристофер направил 323 посети на лекари во Далас и Хјустон и бил подложен на 13 големи операции помеѓу 2009 и 2016 година. Кејлен измислувала приказни дека детето умира од ретко генетско нарушување, додека таа им кажала на други дека има карцином.

Исто така, таа била обвинета дека собиралафинансиски средства за Кристофер и вметнала цевка за хранење во неговото тело што предизвикало да претрпи заразни инфекции на крв. Исто така инсистирала да му направат на момчето трансплантација на белите дробови и го сместила момчето во хоспис.

Рајан на кој му било забрането да го посетува својот син од 3-годишна возраст бидејќи судијата поверувал во лагите на мајката вели дека сака да посвети поголемо влијание на својот син и да се заложи за децата која патат од ваква „медицинска злоупотреба.“

Сподели на Facebook
пати видено