За многу луѓе, цвеќињата се само цвеќиња, но за Раку Ину, креативен ум од Канада, тоа не важи. Тој открива дека секогаш бил љубопитен за природата што му овозможило да ги гледа работите малку поинаку од останатите.
Раку лесно може да ја претвори ружата во пеперутка или во тигар и го прави тоа маестрално, ние би сакале да ги допираме, само не сме сигурни дали одеднаш ќе оживеат! Е ова е навистина прекрасен спој од флора и фауна.