Илустрациите со молив и туш од уметникот Рамон Бруин се несекојдневни. Илустраторот го крева нивото создавајќи анаморфни илузии преку повеќе листови хартија наредени еден врз друг, на тој начин успевајќи да го измами набљудувачот да поверува дека навистина се работи за повеќекатни макети и други 3D фигури.