Всушност, тешко е да се определи дали Мајкл Граб е уметник или магионичар, бидејќи создава зашеметувачки скулптури од наредени камења на начин кој се спротивставува на законите на физиката. Овие наизглед невозможни структури изискуваат напрегната концентрација и фокусирање.Во видеото подолу, Граб поминува неколку минути во речиси неподвижна состојба, правејќи мали нагодувања сѐ додека не го погоди точниот центар на гравитација на камењата.
„Во изминатите неколку години на редење камења, едноставната љубопитност прерасна во терапевтски ритуал, кој го негува медитативното присуство, менталната благосостојба и уметноста на дизајнот“ – пишува Граб. Би се обиделе ли и вие?