Џордан Манг-осан, признат уметник од Филипините, ја употребува сончевата енергија да создаде прекрасни уметнички дела. Со употреба на лупа, тој ги фокусира сончевите зраци и на тој начин ги нагорува цртежите врз дрвени табли.
Манг-осан се инспирира од културата, историјата и околината на неговиот роден регион Кордилјери и народот Игорот, од којшто потекнува и самиот.