Салон за мебел не секогаш мора да биде одговорот кога ви е потребна нова полица. Понекогаш и падната гранка која ќе ја најдете на патот може да заврши работа. Чилеанскиот уметник Себастијан Еразуриз нашол една додека се шетал низ градот Сантјаго, Чиле и ја претворил во прекрасна полица.
Природниот облик на гранката ја определил формата на полицата. Еразуриз ја прилагодил на неговите потреби извивајќи ја и мазнејќи ги грубите рабови. Потоа нанел лак, со што ѝ дал мазна и сјајна завршница, за на крајот да се додадат и стаклени платформи. Полицата ја нарекол „Билбао“, според улицата кадешто ја нашол гранката. Ова не е прв пат Еразуриз да употребува гранки во својата уметност. Покрај полицата, во приложените фотографии ќе можете да видите и некои други негови дела.