Себастијан дел Гросо отсекогаш го интересирало цртањето, уште од кога бил дете. Подоцна со иста страст се заинтересирал и за фотографијата. На крајот решил двете уметнички техники да ги спои на уникатен начин, создавајќи експресивни автопортрети. „Си помислив дека комбинацијата на овие две мои страсти ќе ми дозволи слободно да владеам со мојата имагинација“, вели тој.